Од 10 до 12-часот, 13.000 вработени во државната администрација во земјава не работеа, туку протестираа пред институциите. Револтирани се од игнорантскиот однос на владата. Бараат ниту една плата да не биде под минималната од 18.000 денари како и усогласување на останатите плати или од хигиеничарка до директори, министри, судии, претседател на држава – сите да добијат по 2.806 денари.
На протестот му се приклучија и вработените од Општина Велес. Утрово излегоа пред зградата на општината два часа го изразија својот револт поради неусогласувањето на нивните плати со минимално загарантираната.
Содржината продолжува под рекламата
„Ние со години наназад немаме добиено никакво зголемување на платите, а сведоци сме дека Владата за одредени сектори во последниве две години драстично ги зголеми платите. Платата за месец март се исплаќа по старо. Кој ќе ја сноси одговорноста за непочитувањето на Законот за минимална плата? Дали ние вработените во управата и правосудството ќе останеме единствени во државата кои ќе примаат плата под минимално загарантираната? Од овие причини бараме исплата на минимална плата веднаш за сите вработени кои и во овој момент се под минималната плата и линеарно зголемување за сите останати плати во износ од 2806 денари“, велат од синдикалната организација на Општина Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Премиерот Ковачевски вели дека не е добро прво да се најави протест, па потоа да се преговара под притисок. Според него, платите треба да се зголемат, но не наеднаш, оти тоа може да предизвика инфлација.
Од синдикатот на УПОЗ велат дека ако владата продолжи да ги игнорира, ќе го прашаат членството во каква форма ќе го изразат револтот понатаму. Испратија и порака – дека ниту еден вработен не смее да биде казнет за тоа што протестирал.
Можеби ќе ве интересира: