Насмевки, прегратки и нови доживотни пријателства го одбележаа третиот едукативно-спортски камп „Создаваме животни шампиони“ што се одржа од 2 до 5 јули во Палиќ, а на кој учествуваше и ЖФК Борец.
Содржината продолжува под рекламата
Овој камп имаше регионален карактер, бидејќи земаа учество екипи од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора., со околу 150 учесници/ млади фудбалери и фудбалерки.
Содржината продолжува под рекламата
Овој камп како беше целосно бесплатен за фудбалерките на ЖФК Борец, а бенефит имаа како младите фудбалерки , така и тренерите кои преку предавањата на еминентни педагози, учеа за начинот на работа со деца.
Овој фудбалски камп се реализира во Палиќ, Република Србија во организација на УЕФА Фондација и Развоен Центар за млади од Србија, медиумски спонзор е спортската ТВ Арена.
Можеби ќе ве интересира: