(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Фудбалерите на Борец продолжија со тренинзи

Фудбалерите на Борец денеска се вратија на тренинзите на Градскиот стадион „Зоран Паунов“, откако претходно имаа состанок со фудбалските ветерани, кои од понеделник би требало да го преземат управувањето со клубот. На тренингот се појавија сите фудбалери, освен Никола Прелчец, кој утрово соопшти дека заминува од Борец. Засега, нема најави за други заминувања од клубот.

Zito akcija 640x289px

Тренингот го водеа Ангел Темелков, Благој Лефков и Кире Манев, досегашните помошници на тренерот Горазд Михаилов, кој не се појави на теренот. Во официјална изјава за Батали.нет, Михаилов вели дека ќе почека до крајот на месецот, но не е преголем оптимист дека ќе остане на клупата на велешани.

Agria

„Оваа ситуација со Борец и мене ме затече. Би сакал да почекам уште некој ден, па потоа ќе ја донесам конечната одлука. Во Борец поминав убави години, кои никогаш нема да ги заборавам. Доколку решам да ја прекинам соработката, на новата управа ќе и посакам успех во водењето на клубот, на играчите добри резултати, а на велешани и на Гемиџиите ќе им се заблагодарам за досегашната поддршка, која ми ја даваа. На господинот Кочо Анѓушев му благодарам за шансата која ми ја даде, да го реализирам проектот со Борец и да го доведам клубот на висока позиција на табелата, на која сега се наоѓа“, рече тренерот Горазд Михаилов.

Претходно, ветераните на Борец добија ветување од досегашниот претседател Кочо Анѓушев дека клубот ќе им го отстапи без надомест и без долгови, заклучно со 31 јануари. Борец се најде во незавидна ситуација, откако пред два дена клубот остана без спонзор. Анѓушев се повлече, незадоволен од односот на ОФС Велес и ФФМ кон Борец.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: