Фруитленд Борец ги израдуваа велешани со својата прва домашна победа

Fruitlend Borec Struga

Ивица Илиев и Тоше Ончев кои комбинираа 20 гола и беа најзаслужните за првата победа на домашен терен за велешкиот ракометен суперлигаш, екипата на Фруитленд Борец. Во рамките на 12 коло од ракометната Супер лига, Фруитленд Борец го совлада составот на Струга со резултат 37:30.

Zito akcija 640x289px

Велешани тргнаа фуриозно уште од самиот старт, па до 20 минута од натпреварот имаа и предност од плус седум 14:7. По тајм аутот на гостинскиот тренер Наум Танески, Струга се созема и се врати на 16:13, но тоа беше се што успеаја да направат, До крајот на натпреварот Фруитленд Борец на крилата на Ончев и Илиев ја одржуваа предноста од плус четири, за да во финишот само го зголемата водството за конечни 37:30.

Agria

За велешкиот тим ова беше втор триумф сезонава со што го престигна денешниот ривал на табелата. Во следното коло во Велес ќе гостува двократниот европски шампион екипата на Вардар 1961.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: