По трите порази по ред, од Вардар, Еурофарм пелистер и Пролет, ракометарите на Фруитленд Борец ќе имаат шанса за нова победа во Супер лигата. Во Велес гостува екипата на Куманово.
Содржината продолжува под рекламата
Велешани имаат можност да го поправат впечатокот од бледите изданија против Еурофарм Пелистер и Пролет, сепак задачата нема да биде лесна ако се знае дека Куманово во минатото коло го совлада тимот на Струга со високи 17 голови разлика.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Гемиџии“, со почеток од 19 часот и 30 минути. Се очекува велешани одново да ги наполнат трибините, а влезницата за овој натпревар чини само 50 денари.
Можеби ќе ве интересира: