Фруитленд Борец исклучен од Суперлигата – нема испаѓање оваа сезона

Fruitlend Borec

Македонската суперлигашка сезона ќе се доигра со еден тим помалку, откако Ракометната федерација на Македонија денеска официјално го исклучи Фруитленд Борец од Велес од системот на натпреварување, потврдувајќи ги најавите на 24Ракомет.

Причината за ваквата одлука е непочитување на пропозициите – велешкиот тим се појави со само девет ракометари на Куп-дуелот против Еурофарм Пелистер 2, иако правилникот налага минимум 12 играчи во ростерот за еден натпревар. Според правилата, секој тим што нема да настапи на меч во групната фаза од Купот, автоматски се исклучува од натпреварувачкиот систем.

Agria

Со исклучувањето на Борец ФЛ, Суперлигата ќе продолжи со 11 екипи и нема да има директно испаѓање оваа сезона. Тоа им оди во прилог на тимовите што се борат за опстанок – Пролет, Прилеп, Куманово, Струга и Радовиш – кои сега ќе се надметуваат само за избегнување на 10. позиција што носи бараж со второпласираниот тим од Првата лига.

Петте преостанати натпревари на Борец ФЛ до крајот на плеј-аутот ќе бидат регистрирани со службен резултат 10-0 во корист на противничките екипи.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
СДСМ: Наместо поддршка за младите, Мицкоски сака да ги казнува луѓето што не се во брак
Мицковски: Владата размислува да воведе данок за неженети и немажени
Совет на амбасадори: Македонскиот идентитет не смее да биде предмет на негирање