Иако Алкалоид одигра без неколку играчи од првиот тим кои беа на трибините, сепак лесно го совладаа велешкиот ракометен суперлигаш екипата на Фруитленд Борец со резултат 42:30.
Велешани на моменти во првиот дел парираа, и во неколку наврати намалуваа на два негатива (13:11 и 14:12), пред се благодарение на голманот Бојан Солев кој имаше 11 одбрани во првиот дел, но сепак разликата во квалитет пред се подобрата физичка подготвеност придонесе Алкалоид да ја зголемува предноста и во 57.минута за првпат беше и двоцифрена – 39:29, а потоа и највискоите 42:29.
Најефикасни кај Фруитленд Борец беа Виктор Трифуновски со седум, а го следеше Марио Миланов со шест погодоци, голманот Боја Солев запиша 17 одбрани. Следен предизвик за ракометарите на Владимир Глигоров е дербито на дното на табелата против екипата на Радовиш во сабота во Велес.