Денес екипата на Борец ќе го добие противникот за 1/8 финалето во Купот на Македонија. Ждребката е закажана за во 12 часот во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.
Можни противни се Силекс, А. Пандев, Шкендија, Шкупи, Македонија ЃП, Вардар, Скопје, Охрид, Пелистер, Ренова, Беласица, Работнички, Тиквеш, Струга Трим Лум и Брегалница, а бидејќи ждребот не е диригиран, може да се падне секој со секого.
Содржината продолжува под рекламата
Се игра по еден натпревар и тоа на 20 октомври, додека 1/4 финалето се игра во ноември. Полуфиналето и големото финале во Купот на Македонија ќе се играат следната година.
Можеби ќе ве интересира: