Само 11 минути ги делеше фудбалерите на Борец да ја извојуваат првата победа во првенството. Домашниот состав имаше водство до 79 минута кога гостите од Радовиш од слободен удар најпрво го израмнија резултатот, а потоа во 89 минута и поведат со 2:1.
Содржината продолжува под рекламата
Претходно домашните имаа водство од 1:0 и ја контролираа играта но неискуството си го зема данокот, па гостите си заминаа за Радовиш со полн плен.
Содржината продолжува под рекламата
Борец останува закован на дното на табелата со само два освоени бода, и догодина сигурно ќе игра во Третата фудбалска лига. Во наредното коло велешани гостуваат во Битола кај екипата на Пелистер.
Можеби ќе ве интересира: