Фудбалерите на Борец „тежат“ 1,5 милиони евра

FK Borec
FK Borec

Трансфермаркт, специјализираниот сајт за вредноста фудбалерите ја процени и вредноста на клубовите и фудбалерите кои се натпреваруваат во Првата македонска фудбалска лига. Велешката гордост Борец е проценет на 1.5 милиони евра.

Zito akcija 640x289px

Најскапи фубалери кој играат за Борец според сајтот се Оливер Стојменовски и Кристијан Ефтимов кои вредат 200 илјади евра, по нив следат Крста Ѓорѓевиќ со вредност од 175 илјади, Данило Раџан и Лука Трајковски со по 150 илјади.

Agria

Според сајтот, во ПМФЛ, највреден или најскап е Лука Станковски (19), младиот играч за врска на Работнички и младата репрезентација. Само тој вреди во милиони, поточно неговата сегашна вредност е 1.000.000 евра со тренд на растење на цената. На второ место е Егзон Бејтулаи од Шкендија и тоа со 800.000 евра, трет е Љупче Дориев од Шкендија.

Кога сме кај клубовите тука нема промени веќе 3-4 години. Шкендија и натаму е највредна екипа во ПМФЛ со 5.530.000 евра, но Шкупи опасно се заканува со 4.000.000 евра. Трет е Работнички и тоа со 3.850.000, и тоа најмногу благодарение на Лука Станковски, додека на четвртото место, со вредност од 3.480.000 евра е Академија Пандев.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: