По трите одлично одиграни натпревари во претходните три кола против Црна Река, Карадаку и Јувентус Серава, фудбалерите на Кеги Моби со голема самодоверба ќе го пречекаат дуелот против КМФ Проект , во рамки од 8 коло во Првата македонска футсал лига.
Фудбалерот на велешани Зоки Трајков вели дека претходните победи се веќе минато и сега нивните погледи се насочени само кон дербито со валандовскиот тим.
Содржината продолжува под рекламата
„Малку рано за последен тренинг денес поради тоа што натпреварот е во сабота но условите се тие и мораме да се фокусираме и прилагодуваме на нив но последниот тренинг беше супериорно изработен, ги следевме инструкциите на тренерот и дадовме повеќе фокус на прекините на противникот затоа што знаеме која е нивна силна страна и знаеме на што целат и се фокусирани за да можеме да се одбраниме, а понатаму и да одговориме со полна цел и полн плен за нас“ ”изјави Зоки Трајков.
Димче Ѓуров во свој стил кратко и јасно кажа за противникот дека како и секој до сега тоа за него ќе биде едно мало уживање од 40 минути во кое ќе проба да ја затресе мрежата во негов препознат стил, а одбраната ќе ја препушти на останатиот дел од тимот.
„Овој викенд играм против тим во кој сум играл, сум направил и голем успех сме биле Шампиони на Македонија во Првата Футсал Лига и против играчи со кои цело лето сме заедно по летните турнири и како соиграчи и како противници, целосен респект за противничката екипа која добро ме познава и мене, но во натпревари како овој браќа, роднини и пријатели се забораваат за момент, тие натпревари се играат за тимот, за себе и за уживање за нас, нив и публиката без која не може да се замисли спортски настан. Футсалот не е кавга, не е тепачка, не е инциденти и непосакувани работи, футсалот е игра на мал простор со физичка спремност, добро уклучување на мозокот поради малиот простор и размислување на брзи додавање и решавање на противникот, како од почеток така и до крај сакам да играме добар футсал да се надмудруваме како што тоа добро го знаеме и двете екипи и да го дадеме максимумот, подобриот нека победи, нема да кажувам кој сум противникот добро ме познава, изјави Диме Ѓуров
Капитенот Адил е скромен кажа дека ќе игра добар футсал, очекува поволен резултат и подобриот нека победи.
Штипјанецот Петар Левков изјави дека ова за него е вистински тест за тимот каде ќе видиме кој до каде е и зошто е во овој спорт.
„Мене овие натпревари со ваков интензитет и ваков мотивирачки дух ми се мелем за душа и обожавам да ги играм секој викенд, играчите на противникот ми се добро познати и очекувам дека тоа ќе биде добра борба на теренот, а надвор од него можеме и да се дружиме како и до сега така и од сега, пријателски и со некое пиво“. изјави Петар Левков.
„Уф што да кажам, мотив ми е да бранам против ваков тим, тим кој знае каде шутира но верувам во мојата одбрана дека ќе направат се за да има противникот помалку удари кон голот и ќе се потрудам максимално да го сочувам мојот гол. Пак ќе кажам верувам во мојот тим и очекувам позитивен резултат за нас изјави Даниел Стефановски.
„Сабота е ден за добар футсал натпревар помеѓу две супер добри екипи, јас сум млад и овие натпревари ми даваат мотив плус во животот да бидам помотивиран и повеќе фокусиран на спортот како и до сега“ изјави младинецот на Кеги Моби Иван Кутињо од Штип.
Натпреварот ќе се одигра во салата „Гемиџии“ со почеток од 18 часот. Натпреварот ќе може да го следите и во живо на фејсбук страната на Кеги Моби и Батали.нет, како и на јутуб каналот на Батали нет.
Можеби ќе ве интересира: