Фудбалерките на Борец и Каменица Саса одиграа натпревар за заборав. Без некои посериозни шанси од обете страни на стадионот “Зоран Паунов” во Велес, натпреворот заврши нерешено 0:0.
Содржината продолжува под рекламата
Засилениот тим на Борец успешно му парираше на ланскиот шампион во Првата женска фудбалска лига екипата на Каменица Саса не дозволувајќи ниту една посериозна шанса за гол. Натпреварот изобилуваше со погрешни додавања од двете страни.
Содржината продолжува под рекламата
По две одиграни кола Борец, и Каменица Саса имаат четири освоени бода.
Можеби ќе ве интересира: