КМФ Кеги Моби го игра последниот натпревар од Првата футсал лига на Македонија, во Кавадарци вечерва против екипата на КМФ Клими.
Содржината продолжува под рекламата
По одигрување на 17 кола, веќе се е познато, така да ова последно коло нема да донесе неизвесност. Од пред две кола се знае дека нов шампион на Македонија е екипата на КМФ Форца 2015, а лигата ја напушта КМФ Овче Поле, додека екипата на Карадаку ќе игра бараж за опстанок во лигата.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот во Кавадарци ќе се одигра во спортската сала „Јасмин“ со почеток од 21 часот.
Можеби ќе ве интересира: