Гаши најави распишување на локалните избори кон крајот на јули или почетокот на август

Lokalni izbori 2021

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите најави дека локалните избори би можеле да бидат распишани кон крајот на јули или почетокот на август.

Zito akcija 640x289px

Во истиот контекст, Гаши информираше дека е побарана јавна расправа во законодавниот дом за измените на Законот за локална самоуправа. Предложените измени, како што истакна, се иницирани од Министерството за локална самоуправа и се најавуваат веќе подолг период.

Agria

Тој додаде дека на следната пленарна седница, закажана за 29 април, на дневен ред се очекува да биде ставена интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Интерпелацијата е поднесена од пратеничката група на партијата Левица.

„Причина за интерпелацијата е поради тоа што Тошковски, од позиција на министер за внатрешни работи, грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР“, рече пратеникот на Левица, Сашко Јанчев на 14 април кога информираше дека ја поднесуваат интерпелацијата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: