Германија бара да се укине правото на вето во ЕУ

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска побара ЕУ да го укине правото на земјите – членки да ставаат вето на надворешно – политички одлуки. Мас смета дека е недозволиво ЕУ да биде држена како „заложник“.

Zito akcija 640x289px

„Не може повеќе да бидеме држени како заложници од оние кои ја парализираат европската надворешна политика со своите вета“, рече Мас, обвинувајќи ги оние кои го прават тоа дека ја загрозуваат кохезивноста на Европа.

Agria

„Затоа кажувам многу отворено: ветото мора да замине – дури и ако тоа значи дека можеме да бидеме надгласани“.

Мас не именуваше никого, но неодамна Унгарија блокираше повеќе заеднички изјави на ЕУ.

Лут поради ставот на Будимпешта, државниот министер во германското МНР Мигел Бергер, минатата недела ја прозва Унгарија на Твитер.

„Унгарија повторно ја блокираше изјавата на ЕУ за Хонг Конг. Пред три недели се работеше за Блискиот исток. Заедничката надворешна и безбедносна политика не може да функционира на база на блокади. Потребна ни е сериозна дебата за тоа како да се менаџира незадоволство, вклучително и преку гласање со квалификувано мнозинство“, напиша Бергер.

Отворените изјави се невообичаени затоа што Германија никогаш досега не практикуваше отворени критики кон друга земја-членка во ЕУ. Свесна за својата политичка и економска тежина во ЕУ, Германија е вообичаено многу претпазлива да не застанува отворено на нечија страна.

Освен блокадата на заедничките изјави за Хонг Конг и Блискиот исток, Унгарија минатиот месец се спротивстави и на ратификацијата на новиот договор за трговија и соработка со африкански, карипски и пацифички држави.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се обидува да изгради поблиски односи со Кина и неодамна договори отворање на филијала на кинески универзитет во Будимпешта, и покрај протестите на опозицијата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: