Германија го усвои новиот закон за странски работници

rabotnici vo Germanija
rabotnici vo Germanija

Новиот закон што ќе го олесни емигрирањето во Германија за работа може да стапи на сила. Имено, државниот дом на сојузниот парламент, Бундесратот, во петокот ја одобри регулативата која Бундестагот ја изгласа минатиот месец.

Zito akcija 640x289px

Новиот закон, меѓу другото, ја воведува таканаречената карта за шанса, односно систем на бонус поени за кандидатите за имиграција, како што се јазични вештини, работно искуство, возраст и врски со Германија.

Agria

Имателите на картичката ќе имаат право да бараат работа во Германија, а таа е и едногодишна дозвола за престој. Сличен систем со години има и Канада.

Според новиот систем, ИТ експертите во Германија треба само да ја докажат својата стручност и да се вработат

Според новите прописи, експертите од ИТ секторот нема да имаат потреба од високо образование за работа во Германија, под услов да ја докажат својата стручност, пренесува Investor.me.

„Новиот закон е првиот чекор кон привлекување на најдобрата работна сила во Германија во услови на меѓународна конкуренција“, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фесер.

Во Германија има 600.000 слободни работни места

Министерот за економија Роберт Хабек повтори дека во Германија недостигаат квалификувани работници и дека 600.000 работни места се празни „едноставно затоа што нема луѓе“.

„Имиграцијата на странски работници е во интерес на Германија, изјави министерот за труд Хубертус Хајл, опишувајќи го новиот закон како „историски“, бидејќи „во спротивно, недостигот на работници во Германија трајно ќе го кочи економскиот раст“.

Законот, исто така, се занимава и со други прашања кои го отежнуваат ангажирањето квалификувани работници, што им олеснува на младите да се образуваат додека работат или патуваат за обука.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: