Германија на Македонија и донираше 84 респиратори и 100 пулс оксиметри

Respiratorni Masini

Aмбасадата на Германија денеска во Министерството за здравство предаде донација од 84 респираторни машини и 100 пулс оксиметри со вкупна вредност од 878.768 евра, во рамки на поддршката на Германија за земјите од Западен Балкан.

Zito akcija 640x289px

Од таму соопштуваат дека донацијата се реализирала благодарение на одличната соработка меѓу владите на Германија и Северна Македонија и во партнерство со канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје.

Agria

„Секаде во Европа се справуваме со корона-пандемијата, а притоа европската солидарност е од големо значење. Сè додека не се безбедни сите, не е безбеден никој од нас. Од тие причини, Германија ја поддржува Република Македонија во борбата со корона пандемијата“, информира Германската амбасада.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17155/uapsen-kriminalecz-koj-bil-baran-so-poternicza/