Според прелиминарните проценки, годишната стапка на инфлација во Германија во ноември падна на 3,2% на годишно ниво, од 3,8% во октомври, соопшти германската федерална служба за статистика – Дестатис.
„Ова е најниското ниво на инфлација забележано во Германија од јуни 2021 година“, се наведува во соопштението.
Цените на храната се зголемија за 5,5% на годишно ниво во ноември, додека цените на енергијата паднаа за 4,5%.
На месечна основа, инфлацијата во Германија падна за 0,4%.
Можеби ќе ве интересира: