Германските власти со нова одлука за македонските граѓани кои сакаат да патуваат во Германија

Aerodrom Skopje

Република Северна Македонија не се смета повеќе за Ковид “ризична област” во Сојузна Република Германија.

Zito akcija 640x289px

-Со најновата одлука на германските власти, им се дозволува неограничен влез во Германија на сите државјани на Северна Македонија. Сепак, сите лица над 12 години, кои пристигнуваат во Германија, без разлика со кој вид транспорт и понатаму ќе треба да приложат потврда за негативен тест или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација.

Agria

Инаку со најновата одлука на Република Грција, сите патници над 5 годишна возраст при влез во Грција, покрај сертификатите за извршена вакцинација или прележана болест, мораат да поседуваат потврда за негативен резултат од ПЦР-тест (не постар од 72 часа) или потврда за негативен резултат од рапид-тест (не постар од 24 часа).

Додека за влез во Република Австрија, сите лица треба да приложат сертификат за целосна вакцинација, или доказ за примена бустер доза на вакцина или доказ за прележана болест (не постари од 6 месеци), заедно со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа). Во овие случаи не се определува мерка карантин, соопштија од МНР.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26054/osumgodishniot-veleshanecz-marko-zafirov-e-drzhaven-prvak-vo-shah-vo-negovata-generaczija/