Гир: Уверен сум дека ќе го заземете заслуженото место во ЕУ како полноправна земја членка

dejvid gir
dejvid gir

По повод Европскиот ден на знамето, денеска во организација на Европското движење се одржа традиционалниот планинарски марш до врвот на Водно, на кој присуствуваа евроамбасадорот Дејвид Гир и претседателката на Европското движење, Милева Ѓуровска.

Zito akcija 640x289px

Маршот започна пред седиштето на Европската унија, каде Гир и Ѓуровска извршија размена на знамињата на ЕУ и Северна Македонија, по што се упатија кон врвот на Водно каде ќе бидат поставени двете знамиња.

Agria

Евроамбасадорот Гир ја нагласи размената на знамињата на Европската унија и Северна Македонија, како и нивното поставување на врвот на Водно, и изрази уверување дека македонското знаме ќе се вее во Брисел кога земјава ќе стане членка на Унијата.

„Искачувањето на планина не е едноставна работа. Има многу што да се направи. Маршот е тежок, но уверен сум дека ќе го освиме врвот, како и дека оваа земја во иднина ќе го заземе заслуженото место во Европската унија како полноправна земја членка“, рече Гир.

Претседателката на Европското движење Милева Ѓуровска посочи дека денешниот настан по повод Европскиот ден на знамето е традиција која се одржува повеќе од 25 години.

„Планинарскиот марш, организиран од Европското движење мислам дека се одржува повеќе од 25 години, тоа е една долга традиција каде планинари, млади, граѓани и сите кои би сакале, го искачуваат врвот на Водно, рече претседателката на Европското движење“, Милева Ѓуровска.

Симболиката е, вели Ѓуровска, дека се искачуваме заедно со претставници на ЕУ кои нѐ придружуваат на патот кон ЕУ.

„Патот до Европската Унија е малку потежок, има искачување, има и паузи кои што се прават, но патот секогаш треба да се продолжи за да се стигне до самиот врв, тоа е симболиката на тоа што ние го кажуваме секоја година“, посочи Ѓуровска.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: