Евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир денеска одговараше на прашање околу фотографија што се појавила во јавноста од лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски како влегува во ЕУ-Инфо центарот во Скопје.
„Секако има редовни контакти со различни политички партии. Тоа е така затоа што пристапниот процес за ЕУ мора да биде процес кој има согласност меѓу сите политички партии. Одржуваме контакти со сите партии кои тврдат се посветени кон европската иднина на оваа земја. Нема да навлегувам во детали за специфични разговори и за она што се случува, но можете да бидете сигурни дека во сите наши дискусии секогаш го кажуваме она што сметаме дека е стратешки интерес на ЕУ и земјата. Најдобрата гаранција за тоа да се случи е преку реформи, а токму тие треба да напредуваат брзо и само тоа е патот кон води напред. Уверен сум дека оваа земја може да ги унапреди реформите и уверен сум дека приклучувањето кон ЕУ е достижно многу брзо“, рече Гир како одговор на новинарско прашање дали имал средба со Мицкоски и за што дискутирале.
„Сакаме да ја видиме оваа држава како се движи напред и сега е времето да се искористи таа можност“, додаде евроамбасадорот.
Можеби ќе ве интересира: