Година на заборав на спортски план во Велес

Angel Petrusevski kajakar
Angel Petrusevski kajakar

Велес не памти полоша година на спортски план. Резултати нема, а градот има само три екипи кој се натпреваруваат во елитата. Годината ја одбележаа поединици кој имаа солиден успех и надвор од границите на Македонија.

Zito akcija 640x289px

Ангел Петрушев со право ја доби наградата спортист на Велес за 2022 година. Тој беше четврти на Европско Јуниорско првенство во кајак слалом на диви води во Чешка, второ место на 53. Илинденски кајак слалом ИКАС 2022, 36-место на Светски куп за Сениори во Краков, 19 место на Светско првенство во кајак слалом за Јуниори во Ивреа, а на крај од годината и Кајакарската Федерација на Македонија го прогласи за „Кајакар на годината“.

Содржината продолжува под рекламата

Agria
Zejnelov Zagreb

Борачот на Боречкиот клуб Борец, Ердин Зејнелов го освои седмото место на Европското првенство во борење до 15 години во категоријата до 75 килограми кое се одржа во Загреб. Во конкуренција во оваа категорија се натпреваруваа 17 натпреварувачи. Исто така тој беше доминантен на Меѓународниот турнир „Листон 2022” и го освои трофејот за најдобар борач на турнирот.

Karate klub Gladijator
Bisinov pioneri

За истакнување се и каратистите од Карате клубот Гладијатор кој се вратија со 11 медали од карате Купот на Македонија за кадети. Ракометарите на Бисинов Фруит Ленд станаа нови шампиони во пионерската машката лига, откако во финалето од Ф4 турнирот кој се одржуваше во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“ во Велес го совладаа актуелниот бранител на титулата, Струга, со резултат 21:18. Младинскиот состав на ГОК Борец стана првак во младинска конкуренција. И тука завршуваат успесите.

Велешката гордост Фудбалскиот клуб Борец, годината ја започна на последната позиција на прволигашката табела. До крајот на оваа календарска година тие ниту еднаш не победија, а се соочуваат со испаѓање и од Втората лига, откако по есенскиот дел се наоѓаат на последната позиција, без ниту еден освоен бод.

Borec Gostivar

Женскиот фудбалски клуб Борец имаше не толку сјајна пролетна сезона, но сепак на крајот заврши на петата позиција од првенството. Во новата сезона многу од фудбалерките пронајдоа нови средини, па клубот функционира само со млади сили. На крај од есенскиот дел се наоѓаат на десетото место, со само три освоени бода.

ZFK Borec Skendija

Една од екипите која бележи напредок оваа сезона е КМФ Кеги Моби. Откако се изборија за влез во елитата, во летниот период се фузираа со штипски Астибо и ги здружија играчките сили, па есенскиот дел го завршија на четвртото место во Првата футсал лига на Македонија.

Kegi Mobi Forza 2015

Кошаркарите на Борец Баскет имаа одлична пролетна полусезона. Дури имаа голема шанса за влез во елитата, но екипата на Шкупи се испречи пред нив, победувајќи ги во мајсторката во Велес. Во есенскиот дел од новата сезона започнаа лошо и на половина од првенството се наоѓаат на 10 место со скор од четири победи и седум порази.

Borec Basket sezona 2023

Одбојкарите на Борец се стандардни во Првата одбојкарска лига. Лани за малку не влегоа во плеј оф разигрувањето за титула, но оваа сезона котираат на високот трето место со скор осум победи и два пораза.

RK Borec RK Tekstilec kadeti

Иако се најавуваше дека Ракометниот клуб Борец ќе се врати на старите патеки од тоа не бидна ништо. Сезоната ја завршија како четвртопласирани во плејаутот од Првата лига. Новата сезона почна турбулентно, со изјавите играме – не играме. Со млади сили ја започнаа сезоната и беа „топовско месо“ за противниците. На ракометна мапа се појави и втор тим од Велес, Бисинов Фруит Ленд. Во првата половина од дебитантската сезона тие имаат скор од две победи, една нерешен резултат и девет порази.

Еден од ретките спортски настани за издвојување во годината која е зад нас се првите АИГ Спортски игри, кои на почетокот на јуни се одржаа на терените во градскиот парк. Организаторите од Евентив и спонзорот Атлантис инвест груп се погрижија Велес четири дена да живее за спортот. Четирите спортови, футсал, одбојка на песок, баскет 3х3 и тенис, во кои се натпреваруваа од аматери до профедионални спортисти, привлекоа илјадници љубители на спортот, а кулминација беше финалето на футсал турнирот, на кое на трибините на ракометното игралиште “немаше игла каде се се фрли”.

Минатата година беше година за заборав на спортски план. Затоа, нека оваа ретроспектива им покаже на спортските работници во градот дека за успеси се потребни многу работа и оставање на суетите на страна, за да се врати Велес на некогашните спортски успеси и повторно да биде еден од најспортските градови во земјата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: