Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пристигна во Австралија, каде во Мелбурн на почетокот од следната година го очекува првиот Грандслем турнир во 2023 година.
Ѓоковиќ минатата година беше депортиран од Австралија поради драмата која се случуваше со Ковид-19… По еднонеделно „заложништво“ не му беше дозволено да игра на турнирот и беше вратен од Мелбурн.
„Никогаш не може да ги заборавите тие настани, кои ќе останат длабоко во вас. Секако не ја заборавив депортацијата и така ќе биде до крај. Не сум имал такво искуство претходно, се надевам дека нема да имам ниту во иднина, но беше интересна лекција. Не ја заборавив депортацијата, но ја сакам Австралија“ – истакна Ѓоковиќ по пристигнувањето во Австралија.
Во неговата кариера Ѓоковиќ дури девет пати го освоил трофејот во Мелбурн.
Можеби ќе ве интересира: