Седумдесетина луѓе се повредени во туркацините, десетици вдишале чад, дел од луѓето завршиле во болница, а со повреди се здобиле и тројца пожарникари во вчерашниот пожар во хотелот „Буши“ во Старата скопска чаршија, јавува Телма. Шестмина од луѓето се на Токсикологија, тројца во градската болница „8 септември“, а уште на 19-мина им била пружена лекарска помош на самото место.
Според противпожарната служба, огнот избил на неколку места во хотелот, а зафатени биле рецепцијата и кујната. Пожарникарите дошле навреме за да спречат истиот да се прошири на околните објекти.
Можеби ќе ве интересира: