Поголемиот број граѓани на Србија не веруваат во официјалните информации на институциите за пандемијата од коронавирус.
Нивото на информации за пандемијата од коронавирус, 54 проценти од граѓаните го оценуваат како “незадоволително”, додека 65 проценти изразија недоверба во официјалните информации на надлежните институции, според истражувањето на агенцијата Валикон доставено до медиумите.
Дури 79 проценти од анкетираните граѓани во Србија изразуваат загриженост за ширењето на вирусот , што е за девет проценти повеќе од пред еден месец.
44 проценти од српските граѓани изјавиле дека мерките за превенција за контрола на ширењето на вирусот се премногу благи, додека 74 проценти од испитаниците предвидувале влошување во наредниот период, што е исто така и најпесимистичкиот поглед од почетокот на епидемијата.
Од почетокот на пандемијата на 6 март досега се тестирани вкупно 439 445 лица, а позитвни на вирусот биле 16 131. Според официјалните податоци досега починале 311 лица.