Доскорешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер ќе го напушти клубот и ќе се пресели во редовите на Вест Хем.
„Би-Би-Си“ ексклузивно објави дека двата клуба постигнале договор за трансферот и Јунајтед за дефанзивецот ќе заработи 30 милиони фунти.
Мегваер не беше во прв план кај менаџерот Ерик тен Хаг, неодамна ја загуби и капитенската лента, а беше и на мета на фановите поради честите грешки и лошите изданија изминатите сезони.
Дефанзивецот допрва треба да ги договори личните услови, но не се очекува да има проблем во овој дел, затоа што самиот побарал да замине од Јунајтед и да биде реализиран овој трансфер.
Мегваер пристигна на „Олд Трафорд“ во 2019 година за рекорден трансфер за дефанзивец кој се уште изнесува 80 милиони фунти.
Можеби ќе ве интересира: