Голем скандал го тресе Јувентус, Киелини во главна улога

Juventus

Италијанскиот клуб Јувентус го тресе афера поврзана со наводни финансиски малверзации извршени во 2020 година, т.е. на почетокот на избувнувањето на пандемијата. Челниците на клубот, кои пред неколку дена поднесоа оставка, се обвинети дека потпишале лажни договори со играчите за намалување на платите за време на пандемијата, притоа незаконски им плаќале целосни суми и со тоа избегнувале да платат милионски даноци.

Zito akcija 640x289px

Италијанските медиуми сега објавија порака од легендарниот капитен на Јувентус, Џорџо Кјелини, која наводно ја испратил во заедничкиот инбокс WhatsApp на првиот тим на Јуве: „Поздрав до сите, како што знаете, разговарам со Фабио (Паратичи) и со претседателот за да се најде начин да му помогнеме на клубот и на сите вработени во ова тешко време. Претседателот гарантира дека една плата ќе земаме до лето, а остатокот во следната сезона.

Agria

Во случај да се согласите, утре ќе имаме документ потпишан од претседателот кој ќе го гарантира сето горенаведено. Поради пазарната легислатива, во јавноста ќе бидат објавени информации само за тоа дека се откажуваме од платите. Се бара НИКАДЕ ДА НЕ ЗБОРУВАТЕ ЗА ДЕТАЛИТЕ ОД ДОГОВОРОТ.“

Следниот ден во групата WhatsApp пристигнала нова порака од Киелини:

„Ќе ни ги исплатат сите плати без разлика што пишува во договорот потпишан од претседателот и јас, каде се договоривме да се откажеме од се до крајот на сезоната. (…) Јувентус сака да издаде соопштение во кое ќе каже дека се откажавме од платите за да му помогнеме на клубот. Ви благодариме за сè“.

Да потсетиме, голем број италијански прволигаши, меѓу кои Јувентус, Наполи и Сампдорија беа под истрага за вештачко надувување на вредноста на трансферите, но во случајот со Јувентус се сомничи натамошна измама.

Имено, за време на избувнувањето на пандемијата на коронавирус во 2020 година, 23 првотимци на Старата Дама потпишаа анекси на договорот со кои им беа намалени платите за клубот да преброди тежок период. Сепак, обвинителството тврди дека тие анекси биле фиктивни и дека Јуве незаконски им ја исплатил на играчите целата плата, но потпишаните анекси му овозможиле да плаќа помал данок.

Да потсетиме дека во 2006 година, по скандалот Калчополи, Јувентус беше исфрлен од Серија Б, а на клубот му беа одземени титулите. Постои шанса тоа да се повтори доколку истрагата утврди дека гореспоменатите финансиски малверзации му помогнале на Јувентус да го регистрира тимот и да се натпреварува во највисокото ниво на италијанскиот фудбал. Покрај исклучување од лигата, можна е и помала казна во вид на одземање бодови.

Пред неколку дена клубот го напуштија претседателот Андреа Ањели, неговиот заменик Павел Недвед и извршниот директор Маурицио Аривабене, како и голем број помали функционери. Тоа се Лоренс Дебро, Масимо Дела Рагионе, Катрин Финк, Даниела Марилунго, Франческо Ронкаљо, Џорџо Такија и Сузан Кејвуд.

Под истрага се 16 лица, сегашни и поранешни вработени во клубот, а имињата кои најмногу се издвојуваат се Андреа Ањели, Павел Недвед и Маурицио Аривабене, луѓе кои го напуштија клубот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34508/ugledna-marka-tvrdi-deka-ronaldo-veke-go-ima-noviot-klub-go-dobiva-najgolemiot-dogovor-vo-istorijata-na-fudbalot/