Италија повторно со голем број на заразени нови заразени од коронавирусот во Италија. Само во последните 24 часа се регистрирани 2.548 нови случаи на Ковид-19.
Од крајот на април, ова е прв пат бројот на новозаразени да надмине 2.000 лица, соопшти министерството за здравство, а 24 пациенти починаа од последниот ден, што е нешто повеќе од претходниот ден кога имаше 19.
Џузепе Конте, премиерот на Италија најави дека ќе побара од Парламентот да усвои продолжување на вонредната состојба до 31 јануари и дека ќе побара таков статус за целата држава.
Во оваа земја скоро 36.000 луѓе починаа од коронавирусот.
Можеби ќе ве интересира: