Голема полициска акција утрово се спроведува на повеќе локации во Куманово. Според неофицијални информации се апсат лица и се прават претреси поради сомнение за нелегална трговија со дрога. За сега не се знае дали акција би можела да се прошири и во други градови.
Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, но детали за тоа не соопштуваат.
Официјални информации за претресите и апсењето од таму најавија откако ќе заврши акцијата.
Можеби ќе ве интересира: