Фудбалерите на Превалец одиграа нерешено против домаќините Големо Коњари со најнепопуларниот резултат во фудбалот 0:0, и ги поделија бодовите.
Во цвста и борбена игра помина целиот натпревар, а гостите од Превалец можеа и да го освојат целиот плен откако Донев Љупчо и Пеце Стојановски не ги искористија две чисти шанси кои ги имаа. Сепак нерешениот резултат можеби е најреален на денешниот натпревар.
Содржината продолжува под рекламата
По ова коло Вардар Неготино ја зголеми бодовната предност пред Превалец, и сега таа изнесува три бода. Наредното коло кое се игра веќе во понеделник екипата на Превалец е слободна.
Можеби ќе ве интересира: