Репрезентативниот голман, Даниел Божиновски доби позитивен тест на Ковид-19 и нема да биде во составот на македонската А репрезентација за ноемвриските натпревари против Грузија (12. ноември), Естонија (15. ноември) и Ерменија (18. ноември).
Голманот на Силекс во неделата при пристигнувањето во Скопје беше подложен на тестирање, а веднаш откако му беше потврден позитивниот резултат го напушти хотелот, без да има контакт со останатите лица од репрезентацијата, стручен штаб или фудбалери.
Селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски нема да повика друг голман за натпреварот со Грузија, но остава отворена можност тоа да го направи за дуелите од Лига на нации против Естонија и Ерменија.
Можеби ќе ве интересира: