Апелациониот суд Скопје денеска соопшти дека одлучувал за предметот оформен по молбата за условен отпуст на осудената поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, по што ја уважил нејзината жалба и ја отпуштил од издржување на казната затвор.
Јанкуловска беше осудена за случајот „Тенк“ и издржуваше затворска казна во времетраење од четири години, од 28 септември 2020 година, во затворот „Идризово“. Против неа се водат и неколку други судски предмети.
Во соопштението на Апелациониот суд објавено на неговата интернет страница, се вели дека Судот ја одбил како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а ја уважило жалбата на Јанкуловска.
„При што Решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 01.11.2023 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело“, се вели во соопштението на Апелациониот суд.
Судот наведува дела при одлучувањето ги имал предвид списите кои биле приложени кон предметот, пред се податоците добиени од установата каде осудената ја издржуваше казната затвор.
Судот ги ценел личните прилики на Јанкуловска, особено околноста дека е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување.
Исто така Судот наведува дека посебно ги ценел и ги земал предвид податоците од Установата каде Јанкуловска ја издржувала казната затвор, со оглед дека почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот и дека се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања, наведува Апелациониот суд.
Во соопштението се додава дека таа имала развиено чувство за лична и општествена одговорност и дека однесувањето и било во склад со општествените норми.
„Во досегашниот издржан дел од казната во ниту еден момент не биле евидентирани прекршоци на одредбите од куќниот ред, го почитувала истиот и имала примерно поведение, а воено и коректен однос кон службените лица. Сметано од 25.10.2022 година, осудената била работно ангажирана во библиотеката на женското одделение и својот ангажман го извршувала со посветеност, навремено и во целост, користела и погодности надвор од установата, што упатува дека осудената се поправила до степен што основано може да се очекува дека на слобода добро би се однесувала и дека нема да врши кривични дела“,се вели во соопштениети на Апелациониот суд.
Можеби ќе ве интересира: