Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, одлучи денес Регулаторната комисија на Македонија.
Од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 79,5 денари за литар, бензинот БС-98 за 81,5 денари, а дизелот за 73,5 денари за литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство, исто така се зголемувза за денар и тоа ќе се продава за 73 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ од полноќ за 0,426 ден/кг денари за килограм се намалува цената на мазутот и ќе се продава за 45,285 денари за килограм.