Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89% во однос на одлуката од 19.10.2023 година.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,675 ден/кг и сега ќе изнесува 47,174 ден/кг.
Содржината продолжува под рекламата
Од 25.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 47,174 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира: