Екипата на Горски е првиот полуфиналист во Куп натпреварувањeто на ОФС Велес. Откако по 90 минути игра на стадионот во Населба Чашка натпреварот заврши со резултат 1:1, Горски по изведување на пеналите успеаја да слават над екипата на Врановци со 4:3.
Останатите натпревари од четвртфиналето се одложија поради трагичниот настан кој се случи во Кочани и ќе се одиграат во друг термин.
Останатите четвртфинални двојки се Младост – Форца Нова, Локомотива Градско – Чашка, и Бузалково – Тополка.