Непознат сторител во петокот попладне, по затворањето на црквата Св. Пантелејмон извршил кражба. Крадецот ја скршил предната врата, влегол во црквата, при што украл свеќи и пари. Полицијата за ова била известена наредниот ден, откако клисарите дошле на работа.
На 4 Април во СВР Велес е пријавено дека непознат сторител, извршил тешка кражба во црквата Св. Пантелејмон во Велес. Имено сторителот насилно ја отворил предната врата, при што одзел пари и свеќи – се вели во соопштението од полицијата.
Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.