Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, одликуван од Зеленски со Орден за заслуги

Mitko Jancev

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, е добитник на високо признание од претседателот на Украина, Володомир Зеленски – Орден за заслуги од трет степен. Одликувањето беше доделено по повод одбележувањето на Денот на независноста на Украина, одржан вчера.

Орденот се доделува за значителен личен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршка на украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет, хуманитарни активности и промоција на Украина на меѓународната сцена.

Agria

Од регионот, само хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман добија повисоки признанија.

Странските добитници беа одликувани со различни државни признанија, меѓу кои Орденот на принцот Јарослав Мудриот, Орденот за заслуги, Орденот на принцезата Олга, Медалот за труд и победа и Крстот на Иван Мазепа. Уредбата за одликувањата, број 617/2025 од 23 август, е објавена на официјалната веб-страница на украинскиот претседател, објави агенцијата „Укринформ“.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: