Градската библиотека „Гоце Делчев“ од денеска повторно работи. Вработените се вратија на своите работни места по 14-дневната изолација, бидејќи нивна колешка е заразена со коронавирус.
Во исто време, на работа се вратија и тројцата вработени во општинската администрација, кои, исто така, беа во изолација, поради тоа што нивни колега, со кого делат иста канцеларија, е заразен со вирусот.
Здравствената состојба на заразените се подобрува, а еден од нив е асимптоматски случај. За среќа, ниту еден од колегите кои биле во контакт со двајцата инфицирани, не се заразија.
Двајцата вработени во билбиотеката и општината, инаку мајка и син, беа откриени дека се позитивни на коронавирус пред околу две недели.
Можеби ќе ве интересира: