„Да му го земеш јазикот на еден народ – тоа значи да му ја земеш душата” – беше главниот Рацинов одек и тема за Рациновите следбеници од цела Македонија да се натпреваруваат на 56. Детски Рацинови средби во Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Во полната сала „Бели мугри“, со многу емоции, восхит и почит кон ликот и делото на големиот Рацин, одекнуваа стихови исполнети со љубов кон македонскиот јазик. Над 100 ученици од сите краишта на Македонија добија награди за најдобри поетски и ликовни творби.
Содржината продолжува под рекламата
Гран-при, највисоката награда на литературниот конкурс на 56-те Детски Рацинови средби во Велес, ја освои Ване Гавровски од ООУ „Гоце Делчев“ од струмичко Босилово, со менторката Весна Тилева.
Можеби ќе ве интересира: