Грчкиот премиер се извини за пропустите со пожарите

grcija-pozar

Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис се извини на грчката јавност за пропустите на владата во борбата против катастрофалните пожари и одобри 500 милиони евра помош за луѓето.

Zito akcija 640x289px

Додека пожарите сѐ уште беснеат и владата ги проценува првите штети, Мицотакис излезе на телевизија јавно да се извини и да вети дека никој нема да биде поштеден од одговорноста, но во исто време повика на единство на нацијата.

Agria

„Степенот на штетата ни ги раскинува срцата. Се извинувам за загубите што ги претрпевте. Целосно ја разбирам болката на нашите сограѓани додека ги гледаа своите запалени куќи и имот. Ќе ги откриеме сите пропусти и никој нема да избега од одговорност“, рече Мицотакис.

Мицотакис вети дека владата ќе стои покрај сите жртви и одобри 500 милиони евра за регионите во близина на Атина. Министрите денеска ќе разговараат за други мерки за помош.

„Оние што ги загубија своите домови и имот ќе бидат обесштетени. Опожарените области ќе бидат пошумени“, рече Мицотакис додавајќи дека „климатската криза тропа на вратата на целата планета“.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22870/143-novi-sluchai-na-kovid-19-vo-veles-ne-se-registrirani-novozarazeni/