Грција ја продолжи забраната за влез до 5 април, без разлика на начинот на пристигнување

Grcka granica Bogorodica

До 5 април забрана за влез во Грција, без разлика на начинот на пристигнување. Македонските граѓани нема да можат да ја помината границата со Грција бидејќи таа земја ја продолжи забраната за влез на државјани на трети земји до 5 април 2021 година.

Zito akcija 640x289px

Во министерската одлука што во саботата вечер беше објавена во Службен весник на Грција, а стапи во сила во 6 часот утрово, во посебен член е и привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од било која влезна точка, на било кој начин и со било кое средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на Ковид-19 на грчка територија”, а истите упатства ги објавува и Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Agria

Скопје и Атина, независно од денешната одлука, од средината на февруари одново се поврзаа откако грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс” ги обнови летовите, но само за оние патници за кои постојат исклучоци.

Денешната одлука се однесува на дозволените летови од Северна Македонија и Албанија и на останатите аеродроми во цела Грција.

Границите на Грција, веќе една година се затворени за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските државјани. Одлуката беше воведена лани, за време на првиот карантин во март, а оттогаш се продолжува на секои две седмици.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19379/od-nokeska-malo-namaluvane-na-czenata-na-gorivata/