Гром запали стан во Велес

Veles so dron Januari 20202
Veles so dron Januari 20202

По удар на гром во станбена зграда во Велес, се запали и изгоре стан во поткровје на ул.„Никола Карев“ бр 3 наспроти ООУ „Васил Главинов“.

Zito akcija 640x289px

За среќа, станарите од станот во зградата во моментов кога се запалил не биле дома и нема настрадани лица.

Agria

Медицинска помош побарале четворица соседи поради зголемен висок притисок и вознемиреност од настанот, информира за МИА, д-р Василка Пановска Поп Стефанова началник на Брза помош која била на местото на настанот.

„Четворица соседи, од кои  две жени и двајца мажи побарале помош од екипата на Итната медицинска помош која дошла на настанот во 14,40 часот. Од нив двајцата мажи, постар татко и син побарале медицинска помош поради зголемен крвен притисок и видна вознемиреност од настанот, а по укажаната прва помош на лице место од екипата на Прва помош тие со возило на Итна помош биле однесени на реанимација во велешката Општа болница“, вели таа.

Како што информираат за МИА од Територијална противпожарна единица на Општина Велес тие да интервенираат биле повикани во 14,25 часот и на местото на пожарот се упатиле со 12 пожарникари и три противпожарни возила. Пожарот бил локализиран во 15,40 часот, а целосно изгаснат во 16,30 часот.

„Најголем проблем за тоа што пожарот брзо се распламти беше што во зградата немаше  хидрантна мрежа“,велат од ТППЕ Велес.

Тие воедно  апелираат до сите станари во зградите во Велес,  да ги оспособат расипаните и оштетени хидрантни мрежи во своите згради на живеење, за навреме да биде спречен пожар од пошироки размери.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: