Груби: Подготвени сме да се откажеме и од привремената влада со премиер Албанец за иднината на државата

grubi
grubi

Подготвени сме да се откажеме и од привремена влада со премиер Албанец, но и од нашите мандати, истакна првиот вицепремиер Артан Груби за косовската телевизија Т7, откако ДУИ вчера ги депонираше условените оставки, кои би се активирале тогаш кога опозицијата ќе гласа за уставните измени.

Zito akcija 640x289px

„Се откажуваме од сето она што е политички договор со коалицијата, под услов опозицијата да ги поддржи уставните измени“, рече Груби, додавајќи дека со тоа е исполнет условот на опозицијата, односно отворен е патот за гласањето и европската иднина на државата,  а одлуката не била ненадејна.

Agria

Во интервјуто Груби рече дека е очигледно оти на опозицијата не ѝ пречи вклучувањето на Бугарите во Уставот, туку ѝ пречи Албанците да бидат во Владата,

Додаде дека во случај на предвремени парламентарни избори, ДУИ не планира да настапи сама и ги повика сите други албански политички партии да се обединат во еден проевропски политички фронт.

За да поминат уставните измени потребни се гласови од две-третини од пратениците. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на портпарол на ДУИ, викендов изјави дека им недостасуваат уште осум пратеници.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: