Гус Хидинг на 73 години стана селектор на Курасао

Hidink
Hidink

Холандскиот стратег Гус Хидинг кој во својата кариера ги водеше екипите на Реал Мадрид, Челзи, Валенсија, Фенербахче, а беше и селектор на Холандија, Јужна Кореа, Русија и Турција, воопшто не размислува за пензија па на 73 години Хидинг, од денес е нов селектор на островската држава Курасао.

Малкумина знаат каде точно се наоѓа оваа карипска држава со 160.000 жители, но тоа не му пречеше на Холанѓанецот да потпише договор да го води Курасао во квалификациите за СП 2022.

Agria

„Беше тешко да се одбијат. Ја прифатив понудата, целта пред нас е јасна – Курасао да заигра на СП 2022“, вели Гус Хидинг.

Тој потпиша двегодишен договор со репрезентацијата на Курасао, а на клупата ќе дебитира во октомври, на стартот од квалификациите во КОНКАКАФ ЗОНАТА (Северна и Средна Америка).

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: