
И утрово повторно гужви на двата најфренквентни гранички премини во државата – Табановце и Богородица. Од АМСМ само информираат дека се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини, без да се наведе колку време е потребно за да се влезе и излезе од Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Според камерите на ЈПДП, на ГП „Богородица“ пуштени се три коловозни ленти. На камерата поставена на овој граничен премин, се гледа како возилата споро се придвижуваат за излез од државата. Гужви имаше и во текот на викендот.
Содржината продолжува под рекламата
На останатите гранични премини, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Можеби ќе ве интересира:
- Зголемени трошоците за живот,минималната синдикална кошница во октомври достигна 65.544 денари
- Дизелот поевтинува за еден денар
- (ФОТО) Кајакарите на Арка Борец Велес со 11 медали од Србија, блескаа на Дрински маратон и Отвореното првенство во Белград
- (ФОТО) Инжинерите на ФЕРОИНВЕСТ го претставија на Mako Cigre најновиот проект за батериски системи
- Во прв круг избрани 44 градоначалници, втор круг ќе има во 33 општини, повторување во три