Гужви на граничниот премин Богородица за излез од Македонија. Според информациите, се чека околу половина час. Снимките од надзорните камери прикажуваат редици од автомобили и камиони во застој. Пуштени се четири ленти со патнички возила.
Содржината продолжува под рекламата
Од АМСМ велат дека иста е ситуацијата и на граничниот премин Табановце. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Содржината продолжува под рекламата
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Можеби ќе ве интересира: