Српското Министерство за внатрешни работи потврди дека денеска има информации за подметнати бомби на повеќе локации во Белград.
„Не ја знаеме точната бројка, работата е во тек, полицијата си ја врши работата“, – велат од МУП, пренесуваат српските медиуми.
„Блиц“ објави дека во уредничката електронска пошта на медиумот пристигнала информација дека на 12 локации во Белград биле поставени повеќе од 50 бомби.
Девет бомби во Студентскиот дом на булеварот Крал Александар, една во Амбасадата на Белорусија, 17 бомби во трговскиот центар „Ушќе“ на булеварот Михајло Пупин, две бомби во КФЦ на Студентскиот плоштад, девет на аеродромот „Никола Тесла“ (од кои четири на паркингот под цивилните автомобили), шест бомби во ТЦ „Делта сити“ на улицата Јуриј Гагарин, една бомба на Филозофскиот факултет на вториот кат, четири бомби во зградата на ректорот, две во Универзитетот за уметности, три во земунската болница…
Можеби ќе ве интересира: