Хашим Тачи ги отфрли обвиненијата за воени злосторства

Hasim Taci vo Hag
Hasim Taci vo Hag

Поранешниот претседател и еден од поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, во денешното свое прво појавување пред т.н. Специјален суд за злосторства на поранешни припадници на ОВК во Хаг, се изјасни за невин, откако му беше прочитано обвинението.

Zito akcija 640x289px

„Чесен Суде, обвинението е потполно неосновано. Изјавувам дека не сум виновен по ниту една точка од обвинението“, рече поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, одговарајќи на прашањето на судијата на претходна постапка Николас Гијуа.

Agria

Бранителот на Тачи истакна дека одбраната „ќе докаже на суд дека сето тоа е лага“ и дека, на крајот на судењето, угледот на Тачи ќе „блесне“.

Во времето опфатено со обвинетнието, Тачи беше политички комесар и командант на Генералштабот на ОВК, како и претседател на привремената влада на Косово. Обвинението против него беше потврдено на 26 октомври, тој се повлече од претседателската фотелја и им се предаде на хашките истражители на 5 ноемри.

На денешното прво рочиште дека не се чуствува виновен се изјасни и Јакуп Красниќи, кој прв пат по приведувањето се соочи со судиите во Хаг.

„Уверен сум дека адвокат вооопшто не ми е потребен. Не сум одговорен за ниту една точка од обвинението која ми се става на товар, ниту за извршување ниту за неизвршување. Моите должности беа јавни, мојата главна задача беше да сум гласноговорник ОВК“,изјави Јакуп Красниќи.

Красниќи, заедно со Хашим Тачи, Кадри Весељи и Реџеп Сеими, се товари за воени злостортства  извршени во Косово и северна Албанија во кои настрадаа повеќе политички опоненти, стотици лица од српско, албанско, ромско и друго потекло. Тие се обвинети за 10 точки за убиство, присилно исчезнување, прогон и тортура.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: