Косовските политичари Хашим Тачи, Реџеп Сељими, Јакуп Красниќи и Кадри Весели се уапсени и се во притивор во судот во Хаг, соопшти специјалното обвинителството на Косово.
Во соопштението на обвинителството се наведува дека судијата на претходна постапка на специјализираните совети на Косово на 26 октомври го потврдил обвиненијата против сите четворица актуелни или поранешни косовски функционери, а поранешни членови на ОВК.
Во него се додава дека во согласност со Правилникот за постапување и доказите пред Специјализираните совети на Косово, во тој момент не било обелоденото обвинението, но дека сега се објавени сменетата верзија и налогот за апсење.
Информациите за датумот и времето на првото појавување на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи пред судијата на претходна постапка ќе бидат објавени многу брзо.
Поранешните високи припадници на ОВК вчера попладне, доброволно, со авион допатуваа во седиштето на судот во Хаг.
Хашим Тачи претходно поднесе оставка од фунцијата претседател на Косово.
Извор: Тв Телма
Можеби ќе ве интересира: