Хронично болните кои се вакцинирани пред шест месеци може да се пријават за трета доза

Kovid
Kovid

Сите лица со транспланитирани органи и лицата кои се на дијализа кај кои поминале шест месеци од втората вакцина веќе може да се пријават за трета, бустер-доза за заштита од Ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека, засега, само компанијата „Фајзер“ има анализи врз основа на кои е веќе препорачана трета доза кај лица со хронични болести.

Agria

Сè уште нема официјална препорака за трета доза кај сите останати, но голема е веројатноста наскоро да биде препорачана.

„Препораката е дека треба да поминат шест месеци од втората вакцина за да почне вакцинацијата со трета односно бустер-доза. Најнапред во тие анализи и студии е компанијата ‘Фајзер’ со којашто имавме состанок и ни укажаа на тоа дека голема е веројатноста дека ќе препорачаат трета, бустер-доза за сите граѓани по шест месеци од примената ревакцина. Официјалните препораки сè уште ги очекуваме, а нашиот Комитет за имунизација ги чека токму официјалните за ние тој дел, исто така, да го препорачаме. Веќе официјално е препорачана трета доза за имунокомпромитирани пациенти, оние кои се на хронична дијализа и транспланитраните, но треба да помине период од шест месеци, луѓето може да се пријават“, рече министерот Филипче.

Министертот нагласи дека според податоците со кои располагаат досега, трета доза „Фајзер“ може да се прими без разлика од која компанија се првите две примени вакцини.

„Единствена што сега укажува на тоа дека е потребна бустер-доза и не се прави разлика која е првата вакцина е компанијата ‘Фајзер’, што значи дека таа вакцина може да се користи како бустер-доза без разлика на тоа кои се првите две примени вакцини. Само овие податоци од ‘Фајзер’ се тие кои ги има стручната јавност, ги следиме овие препораки“, рече министерот Филипче.

Од оваа недела здравствените власти ставаат акцент на вакцинација на лицата над 18 години оти, како што рече Филипче, тие се помалку заштитени, мал е бројот на вакцинирани, а важат за медијатори, можат да го шират вирусот во семејствата.

Тој им препорача на родителите да не стравуваат за безбедноста на вакцината на „Фајзер“ со која се вакцинираат младите кај нас оти е докажано безбедна и ефикасна.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: